• HOME
  • ABOUT US
  • PROJECTS
    • Ongoing projects/activities
    • Realized projects/activities
  • DOCUMENTS
    • Reports
    • Publications
  • GALLERY
  • ARCHIVE
  • CONTACT
  • RECORD OF GENDER-BASED VIOLENCE
  • Македонски
  • English (UK)

ПОЧЕТНА

Проект: Следење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните набавки на локално ниво

Details
Created on Monday, 29 July 2019 12:41

- Временски период за реализација : јули 2018 – ноември 2019
Цел на проектот е да се оцени нивото на транспарентност, отчетност и интегритет при спроведувањето на јавните набавки од страна на општините од Вардарскиот плански регион, преку истражувања за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во спроведувањето на јавните набавки на сите општини од Вардарско планскиот регион за 2017 и 2018 година, како и запознавање на локалната заедница со состојбитите со јавните набавки заради унапредување на истите.
Крајна цел на проектот е проценка на состојбата и подобрување на целокупниот процес на јавните набавки на локално ниво, односно пошироко од процедурите опфатени во законската регулатива.

Настан од промоција на резултатите од истражувањето за 2017 година одржан на 23 јануари 2019 во Велес. На настанот учествуваа претставници од општините, јавните претпријатија, како и од граѓанските организации од Вардарскиот регион.

Правно-едукативна сесија, дел од проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“

Details
Created on Saturday, 29 June 2019 16:07

Споделуваме дел од атмосферата на сесијата за правно зајакнување на граѓаните, одржана во канцеларијата за бесплатна правна помош на ЕХО. Присутните имаа можност да се информираат и да прашуваат за се во врска со правото на бесплатна правна помош согласно новиот Закон за бесплатна правна помош. Споделивме информативни флаери и се дружевме, разговарајќи за правните прашања, недоумици и проблеми што ги имаат.
#Заедносмепосилни! #Правнозајакнуваме!

Оваа правно-едукативна активност е дел од проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“ финансиски поддржан од ФООМ.

Работилница наменета за граѓански здруженија за новиот Закон за бесплатна правна помош

Details
Created on Friday, 28 June 2019 17:25

Денес орджавме работилница наменета за граѓански здруженија за новиот Закон за бесплатна правна помош. Детално ги објаснивме примарната и секундарната правна помош, постапките во кои се остваруваат, одговорностите и обврските на сите чинители во системот, со акцент на граѓаните како корисници на правото, а дадовме и посебен осврт на позицијата на здруженијата во системот на бесплатна правна помош и нивната финансиска одржливост. Имавме дискусија околу очекувањата за периодот на имплементација што следува, а со учесниците споделивме информативни флаери и примероци од новиот Закон за бесплатна правна помош.
Оваа работилница е во рамки на проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“, финансиски поддржан од ФООМ.

Нови информативни флаери за правото на бесплатна правна помош

Details
Created on Thursday, 27 June 2019 13:19

Новите информативни флаери за правото на бесплатна правна помош содржат упатувања до надлежните институции и кратки информации наменети за граѓаните, во поглед на опсегот и видовите на бесплатна правна помош, условите и постапката за остварување на правото на бесплатна правна помош.
Информативниот материјал е подготвен во рамки на проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија.

Преку медиумите, ЕХО со информации до јавноста за новиот закон за бесплатна правна помош.

Details
Created on Wednesday, 29 May 2019 12:13

Let’s create waves of change for Gender Equality

Details
Created on Wednesday, 29 May 2019 10:07

Во рамки на проектот „Let’s create waves of change for Gender Equality“ финансиски поддржан од Kvinna till Kvinna, членовите на ЕХО започнаа со активностите за изработка на нов Стратешки план на ЕХО.

More Articles...

  1. Новиот закон за бесплатна правна помош со подобрени решенија за пристап до правда
  2. Partnering to end violence against women
  3. Состанок на мулти-секторскиот тим на заедницата на Струмица за ефикасна заштита на жени и девојки жртви на насилство
  4. Работилница на тема: Модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство

Page 5 of 13

  • Start
  • Prev
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • Next
  • End

DONORS

unwomen.org
european union
kvinna
macedonia.usaid.gov
soros.org.mk
gmfus.org

 

PARTNERS, COLLABORATORS

ccc.org.mk
zanabavki.mk
nvoinfocentar.org.mk
ozstrumica.mk
Македонско здружение на млади правници
Пристап до правда

SOCIAL NETWORKS

 

VIDEO


 

www.eho-org.mk ®