Започна да се применува новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените
- Details
Денес почна да се применува новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Со овој закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето мерки за превенција од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово-базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство.
Повик за ангажирање на стручно лице за изработка на промотивно видео
- Details
ЕХО Едукативно – хуманитарна организација Штип на територијата на општина Охрид го спроведува проектот “Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво“ финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Како дел од проектните активности предвидена е изработка на кратко промотивно видео со должина до најмногу 5 минути, кое ќе содржи информации за проектот, активностите и постигнатите резултати, со цел зголемување на видливоста на проектот и промовирање на заштита на правата на граѓаните во однос на корупцијата и судирот на интереси.
Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво
- Details
Денес имавме интересна, интензивна и интерактивна комуникација со граѓаните од Охрид.
Со нив споделивме информативни флаери, информации и совети за заштита и спречување на корупција и судир на интереси, а тие ги споделија со нас сопствените искуства, во кои препознаваат или насетуваат можни коруптивни елементи и дејствија.
Борбата против корупцијата е тешка, но не и невозможна. Услугите за правно информирање, советување, упатување и поддршка се доверливи, бесплатни и достапни за граѓаните.
Телефон за контакт на правничкиот тим: 070 22 82 82
Канцеларија за правна помош и поддршка во Охрид на ул. "8-ми Септември" бр.27
e-mail:
www.eho-org.mk
Оваа активност е дел од проектот “Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво“ што на територија на Општина Охрид го спроведува ЕХО Едукативно-хуманитарна организација Штип, финансиски поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој на (УСАИД).
https://www.facebook.co/CEPNorthMacedonia
https://www.facebook.com/FOSMacedonia
Сите заедно во градење на заедници без насилство
- Details
Во рамки на кампањата по повод денот на жената, 8 ми Март, која ЕХО ја спроведува во тек на целата година, но поинтезивно во втората недела на месец март, ЕХО организираше средба на Мултисекторскиот тим на заедницата на Општина Штип за ефикасна заштита на жените од секаков вид на насилство, вклучувајќи го семејното насилство.
Пријава за волонтирање
- Details
Page 8 of 12