Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19
- Details
ЕХО Штип започна со реализација на проектот “Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19“, во рамки на кој го прошируваме опсегот на примарната правна помош на нашите сограѓани на кои им е потребна помош и поддршка во остварување и заштита на работничките, правата од областа на невработеноста и од социјалната заштита.
Проширувањето се однесува на:
- Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници со ниски приходи, кои останале без работа и чии работнички права се прекршени.
- Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници од неформалната економија, кои се соочуваат со потешкотии во пристапот до права од социјална заштита и во случај на невработеност.
- Зголемување на информираноста и знаењето за работничките права.
Ги охрабруваме сите граѓани кои имаат правен проблем, потреба од правна информација, совет, упатување и поддршка за заштита и остварување на работнички, социјални права и антикризни мерки да се обратат во здружението ЕХО кое се наоѓа на ул.Христијан Т. Крпош бр.6/4 (спроти здравствениот дом), со јавување на 032 384 143 или на 070 22 82 82, како и на нашата ФБ страница со порака.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.
Помош околу домашна платежна картичка
- Details
Не знаете како да проверите дали сте корсник на домашната платежна картичка?
Системот ви одговорил дека не сте на листата на корисници а вие ги исполнувате условите и сметате дека имате право?
Ние можеме да ви помогнеме.
ЕХО им нуди помош на граѓаните за проверка на податоците на веб страната, како и за помош и поддршка на граѓаните кои не се на листата на корисници на оваа парична помош, сметаат дека треба да добијат картичка и сакаат да реагираат во врска со тоа.
Јавете се на 070 228 282.
Проект: Следење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните набавки на локално ниво
- Details
- Временски период за реализација : јули 2018 – ноември 2019
Цел на проектот е да се оцени нивото на транспарентност, отчетност и интегритет при спроведувањето на јавните набавки од страна на општините од Вардарскиот плански регион, преку истражувања за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во спроведувањето на јавните набавки на сите општини од Вардарско планскиот регион за 2017 и 2018 година, како и запознавање на локалната заедница со состојбитите со јавните набавки заради унапредување на истите.
Крајна цел на проектот е проценка на состојбата и подобрување на целокупниот процес на јавните набавки на локално ниво, односно пошироко од процедурите опфатени во законската регулатива.
Настан од промоција на резултатите од истражувањето за 2017 година одржан на 23 јануари 2019 во Велес. На настанот учествуваа претставници од општините, јавните претпријатија, како и од граѓанските организации од Вардарскиот регион.
Проект: Примена на модел за интегративен пристап на есенцијалните/суштинските услуги за жени и девојки жртви на насилство
- Details
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.
Главната цел на проектот е да воведе, да воспостави, да промовира и да стави во функциjа модел за интегриран пристап нa генералните и специјализирани услуги за поддршка и заштита на жените и девојките кои преживеале насилство, вклучително и семејно насилство, притоа следејќи ги стандардите зацртани во CEDAW, Истанбулската конвенција и глобалните стандарди и упатства ОН за неопходните/есенцијалните услуги.
Проект: РАЗМЕНА НА НАЈДОБРИ ЕУ ПРАКТИКИ ВО СЛЕДЕЊЕ НА АНТИКОРУПТИВНИ МЕРКИ НА ЛОКАЛНО НИВО
- Details
Главната цел на овој проект е да се промовираат и поттикнат практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво, што ќе обезбеди одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој.
Зајакнувањето на капацитетит е на граѓаните и граѓанскиот сектор за мониторинг на антикоруптивните практики на локално ниво е предвидено да биде еден од главните предуслови за постигнување на општата цел.
Активностите се инспирирани од хрватското искуство во зајакнување на граѓанското општество да биде активен чувар на принципите за транспарентност и одговорност на локалната самоуправа и фактот дека активни и свесни граѓани се основа за транспарентна влада и влада без корупција
Проектниот конзорциум се состои од 8 граѓански здруженија, од кои секое претставува и работи во еден од планските региони. Активностите на проектот вклучуваат и други елевантни институции, како на пример, Заедницата на единиците на локалната самоуправа и националните антикорупциски тела, кои се од клучнозначање кога станува збор за имплементација на ефикасни јавни политики за транспарентност и одговорност во земјава. Водечки партнер на проектот е Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Скопје
Цел: Промовирање на добри практики за следење и спречување на корупцијата, како и на практиките за добро владеење на локално ниво, со што ќе се овозможи одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој.
Специфични цели: Градење на капацитети за следење на антикоруптивни практики на локално ниво; генерирање на податоци и анализи во областа на антикорупцијата на општинско ниво, преку водење на систематски преглед на механизми за транспарентност и одговорност на ниво на локална самоуправа; подигнување на свеста за практиките за следење и спречување на корупцијата и доброто владеење на локално ниво.
Очекувани резултати:
• Студиска посета во Загреб, Хрватска;
• Развој на методологија за ЛОТОС студија
• Методолошка обука за систематски преглед на механизмите за траспарентност и отчетност на локално ниво;
• ЛОТОС студија (пилот-систематски преглед во областа на спроведување на јавните политики за антикорупција во 43 општини);
• Препораки за јавни политики;
• Конференции за печат;
• Меѓународна конференција;
• Постојано информирање за состојбите;
• Кампања за подигање на свеста.
Факти за проектот
Овој проект е финансиран од Европската Унија.
Буџет: EUR 160.222,–
Период на имплементација:
20.12.2013-20.06.2015 (18 месеци)
Општини кои ќе бидат опфатени со истражувањето:
СКОПСКИ РЕГИОН:
Град Скопје, Центар, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Сарај, Шуто Оризари, Општина Аеродром, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево, Илинден
ПОЛОШКИ РЕГИОН:
Тетово, Гостивар, Брвеница, Врапчиште, Боговиње
ВАРДАРСКИ РЕГИОН:
Велес, Неготино, Градско, Чашка, Лозово
ЈУГОЗАПАДЕН:
Струга, Охрид, Кичево, Вевчани, Центар Жупа
ПЕЛАГОНИСКИ:
Битола, Демир Хисар, Долнени, Крушево
ЈУГОИСТОЧЕН:
Струмица, Ново Село, Радовиш, Богданци
ИСТОЧЕН:
Зрновци, Штип, Св. Николе, Карбинци
СЕВЕРОИСТОЧЕН:
Куманово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане
Стратешки партнери:
Министерство за локална самоуправа
Државна комисија за спречување корупција
Проектни партнери:
НВО “ГОНГ” (Загреб, Хрватска)
Адреса: Плоштад Бан Јелачиќ 15/IV
10000 Загреб, Хрватска
ЗГ “ЕХО” (Штип)
Адреса: Ул. Тодор Коларов 26, 2000 Штип,
Емаил:
Тел. +389 32 38 41 43
Лице за контакт: Бети Пејева
ЗГ “ГРИН ПАУЕР” (Велес)
Адреса: Ул. Трајко Панов 22 1400 Велес
Емаил:
Тел. +389 75 36 18 77
Лице за контакт: Игор Смилев
Центар за европски развој и интеграција (Битола)
Адреса: Славко Лумбарко 6, 7000, Битола
Емаил:
Лице за контакт: Диоген Хаџи Коста Милевски
Здружение за локален и рурален развој (Тетово)
Адреса: Ул. Маршал Тито бб,
Унибау локал 18, 1200 Тетово
Емаил:
Тел. +389 70 813 124
Лице за контакт: Рудина Пашоли
Центар за рурален развој “БУЈРУМ” (Куманово)
Адреса: Ул. 607 бб, М.З. Проевце 13 00 Куманово,
Емаил:
Тел. +389 78 350 171
Лице за контакт: Габријела Бошков
Локална агенција за развој (Струга)
Адреса: Ул. Владо Малески Тале бб, 6330 Струга,
Емаил:
Тел. +389 75 777 421
Лице за контакт: Елена Михајловска
MK
National Programme for Transition Assistance and Institution Building
(TAIB) Component for 2009 under the instrument of Pre-Accession Assistance (IPA)
ФЛАЕР ЗА ПРОЕКТОТ
EuropeAid/133337/M/ACT/MK
Овој проект е финансиран од Европската Унија
Проектот го спроведува Центар за истражување и креирање политики

- Соопштение за проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“
- ЈАВЕН ПОВИК - за пријавување на здруженија Во програмата за јакнење на капацитети во рамки на проектот “Стандардизација на услугите за правна помош кои граѓанските организации ги обезбедуваат на жртвите на семејно насилство”
- ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ТРАНСПАРЕНТНО ВЛАДЕЕЊЕ
- Проект за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки
Page 10 of 12