EcHO - Educational Humanitarian Organization
Open menu
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРОЕКТИ
    • Тековни проекти/Активности
    • Реализирани проекти/Активности
  • ДОКУМЕНТИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ПУБЛИКАЦИИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • КОНТАКТ
  • ЕВИДЕНЦИЈА НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините

Details
Created: 13 September 2023

Истражувањето - Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип, е изготвено во рамките на проектот "Заштита од корупција" со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации. 

За Штип истражувањето е спроведено од ЕХО Едукативно-хуманитарна организација.

Документ, линк...

Pin It

Летна школа во рамки на проектот „Затоа што те љубам“

Details
Created: 19 July 2023
ЕХО е организација која во својот домен на работа има посебна програма за здрави и активни стилови на живот EHO Fit - Active holiday, посветувајќи особено внимание на психо-физичкото здравје на жените и младите.
И овогодинешната Летна школа, покрај врсничката едукација за градење на здрави љубовни врски и превенција од насилство во врските, беше одлична можност да ги едуцираме младите за важноста на самогрижата, техниките за самопомош и релаксација, вежбањето низ забава и правилната исхрана во воспоставување на здрави навики и односи кон самите себе. Зашто водејќи грижа за самите себе и сакајќи се самите себе создаваме здрава основа за разбирање, почит и љубов во меѓусебните релации.
Летната школа се реализираше во периодот од 9 до 12 јули 2023 година во Охрид, во рамки на проектот „Затоа што те љубам“, со финансисиска поддршка од Екуменска иницијатива на жени од Р.Хрватска.
Ekumenska Inicijativa Žena - EWI 
Pin It

Зошто родово одговорно буџетирање?

Details
Created: 01 June 2023

Видео материјалите се изработени во рамки на проектот „Низ женски леќи: Покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост.“

Материјалите во продолжение се изработени со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на Центарот за истражување и креирање на политики и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Pin It

Панел дискусија на тема: „Влијанието на економската криза врз учеството на фирмите на пазарот на јавни набавки и врз реализацијата на договорите“

Details
Created: 25 May 2023
На 23 мај ЕХО реализираше Панел дискусија на тема: „Влијанието на економската криза врз учеството на фирмите на пазарот на јавни набавки и врз реализацијата на договорите“. Со оваа активност имавме намера да овозможиме јавно-приватен дијалог помеѓу претставници на локалните власти и на микро, малите и средните претпријатија во процесот на креирање политики со цел градење на доверба и зголемување на развојот на локалната економија.
Панел дискусијата е организирана од страна на Центар за граѓански комуникации од Скопје и ЕХО Штип како локална партнерска организација, а во рамки на проектот „Заштита од корупција“, финансиран од Амбасада на Кралството Холандија.
Pin It

Квартален состанок за Мултисекторскиот тим на зедницата за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство од Прилеп

Details
Created: 16 May 2023
На 28 април во Хотел Салида – Прилеп, ЕХО организираше квартален состанок за Мултисекторскиот тим на зедницата за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство од Прилеп.
Освен главната тема на состанокот, која се однесуваше на измените и дополнувањата во Кривичниот законик во однос на насилството врз жени и родово базираното насилство, беа презентирани постигнатите резултати од работата на центарот за интегративен пристап во Прилеп и функционирањето на МТЗ – Прилеп.
Исто така, присутните членови дискутираа за потребите и предизвиците во однос на меѓусебната координација и беа донесени заклучоци и препораки за унапредување на соработката и усогласување на координативните механизми помеѓу сите релевантни чинители во рамки на мултисекторскиот тим, а со цел да се олесни пристапот до услугите за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка за корисничките од целиот пелагониски регион.
Состанокот се реализираше во рамки на проектот „All together in building Communities free of GBV“, кој го спроведува ЕХО, а финансиски е поддржан од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Embassy of Sweden in Skopje
The Kvinna till Kvinna Foundation
Pin It
  1. Сесија за правно зајакнување на тема: „Бесплатна правна помош во случај на насилство врз жени“
  2. Oтворен информативен ден за промоција на услугите за жени и девојки изложени на насилство и семејно насилство
  3. Како до бесплатна правна помош во случаи на насилство врз жени и семејно насилство
  4. 20 години заедништво, верба, истрајност, посветеност!

Page 1 of 12

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10

ДОНАТОРИ

https://www.unwomen.org/en
https://www.usaid.gov/
https://fosm.mk/
https://www.gmfus.org/grants/balkan-trust-democracy
https://europa.eu/european-union/index_en
https://kvinnatillkvinna.org/

ПАРТНЕРИ

www.ccc.org.mk
zanabavki.mk
nvoinfocentar.org.mk
myla.org.mk
http://pristapdopravda.mk/

ВИДЕО

Социјални мрежи

Facebook
Facebook
Copyright © 2023 EcHO - Educational Humanitarian Organization. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.