EcHO - Educational Humanitarian Organization
Open menu
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРОЕКТИ
    • Тековни проекти/Активности
    • Реализирани проекти/Активности
  • ДОКУМЕНТИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ПУБЛИКАЦИИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • КОНТАКТ
  • ЕВИДЕНЦИЈА НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Соопштение за медиуми

Details
Created: 29 February 2024

ЗАСТАРЕНИ ГУП-ови, ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ ДУП-ови И ГОЛЕМ БРОЈ ДИВОГРАДБИ

Денес, 29 февруари 2024 година, го објавуваме истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.

Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

Pin It

Read more …

Истражување - Трошки за здруженија на граѓани во општинските буџети

Details
Created: 11 January 2024

Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90% од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно.

 

 

Линк - видео

Линк до истражувањето - .pdf

Pin It

Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации

Details
Created: 22 November 2023
На 22 ноември 2023 г. во Велес се одржа промотивен настан на тема - „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“ со цел промоција на постигнатите резултати од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии, како и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното.
Бети Пеева, претседателка на ЕХО, го претстави моделот на ЕХО во мониторирање на општините, вклучувањето на жените во креирањето на политики и подготовка на родово одговорни буџети преку доставување и усвојување на родово буџетски иницијативи. Притоа ги презентираше успешните приказни и позитивната пракса од Општина Штип, а учесниците имаа можност да слушнат искуства за примена на различни мониторинг методологии и да ги збогатат своите знаења за начините и исходите од следење на активностите на локалните самоуправи.
Настанот беше дел од активностит кои се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во
Северна Македонија“ поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
Pin It

Работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство

Details
Created: 10 November 2023
Последниот квартален состанок за МТЗ за 2023 година беше надграден во дводневна работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, кои ги координира ЕХО. Работилницата се реализираше во периодот од 8 - 9 ноември 2023 година во Охрид.
Учесниците – претставници од сите мултисекторски тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, како и стручни соработници од општините Штип, Прилеп, Струмица и Гевгелија имаа можност за меѓусебно запознавање и вмрежување, истовремено стекнувајќи знаења и вештини за градење и развој на мрежи, тимска работа и ефикасна комуникација. Работилницата изобиливаше со интерактивни сесии и забавни тимски вежби кои на професионалците од релевантните институции им овозможија спонтана размена на информации, знаења и искуства што ќе им послужат за унапредување на меѓусебната соработка и координација во самите тимови, но и помеѓу тимовите од различни општини. Работилницата претставуваше и исклучителна можност за јакнење на довербата помеѓу претставниците на МТЗ и стручните соработници од различните општини, што е неопходен предуслов за ефикасна меѓусебна координација која води кон унапредување на ефикасноста во заштитата на жените и девојките изложени на насилство во општините и регионите каде делуваат овие тимови.
Работилницата е дел од серијата работилници и обуки наменети за јакнење на капацитетите на Мултисекторските тимови на заедниците за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство, како и стручните соработници на ЕХО, во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без родово базирано насилство" поддржани од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Embassy of Sweden in Skopje
The Kvinna till Kvinna Foundation
Pin It

Ние сме сè уште тука за тебе

Details
Created: 03 November 2023
Изминатиот петок во Кино-салата ,,Мис Стон" во Прилеп, на нашиот отворен настан под кампањата „Ние сме сè уште тука за тебе“ имавме можност да се дружиме со Огнен Јанески и да разговараме за мултисекторскиот пристап на нашата организација за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство.
Им благодариме на нашите гости од ОВР Прилеп и Центар за социјални работи - Прилеп што ни се придружија во дискусијата и ја поддржаа нашата кампања.
--
Те охрабруваме, разговарај отворено и во сигурна средина.
Нашите експертски тимови се тука за да ти обезбедат бесплатна психосоцијална и правна помош.
Јави се за поддршка до потребната сигурност и безбедност.
Не заборавај, ние сме сè уште тука за тебе!
Pin It
  1. Во рамки на проектот Летна школа за млади објавена е публикацијата "Затоа што те љубам"
  2. Трет квартален состанок на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство
  3. Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините
  4. Летна школа во рамки на проектот „Затоа што те љубам“

Page 2 of 14

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10

ДОНАТОРИ

https://www.unwomen.org/en
https://www.usaid.gov/
https://fosm.mk/
https://www.gmfus.org/grants/balkan-trust-democracy
https://europa.eu/european-union/index_en
https://kvinnatillkvinna.org/
civicamobilitas.mk
sdc

ПАРТНЕРИ

www.ccc.org.mk
zanabavki.mk
nvoinfocentar.org.mk
myla.org.mk
http://pristapdopravda.mk/

ВИДЕО

Социјални мрежи

Facebook
Facebook
Copyright © 2025 EcHO - Educational Humanitarian Organization. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.