Сесија за правно зајакнување на тема: „Бесплатна правна помош во случај на насилство врз жени“
- Details
Сесија за правно зајакнување на тема: „Бесплатна правна помош во случај на насилство врз жени“ беше реализирана од тимот на ЕХО на 27 април во Битола, со цел да се подигне свеста, да се информираат и правно едуцираат жените и заинтересираните граѓани за правото и законските можности кои ги нуди бесплатната правна помош за жените и девојчињата изложени на родово базирано и семејно насилство, како и за услугите кои ги нуди Центарот за интегративен пристап до пакетот неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство преку својата канцеларија во Прилеп.
Правната сесија се реализираше во рамки на Проектот „Јакнење на интегрираните услуги за жени и девојки изложени на насилство во пелагонискиот и југоисточниот регион“, финансиски поддржан од Европската Унија и Шведска, а субгрантиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Коалиција Маргини.
Oтворен информативен ден за промоција на услугите за жени и девојки изложени на насилство и семејно насилство
- Details
На 27 април ЕХО организираше Oтворен информативен ден за промоција на услугите за жени и девојки изложени на насилство и семејно насилство, а кои нашата организација ги обезбедува во пелагонискиот регион, преку подружницата на ЕХО во Прилеп.
На отворениот ден остваривме директни средби со граѓаните на Битола и им поделивме лесно разбирливи промотивни материјали со кои сакаме да ја промовираме нашата работа и услугите што ги обезбедуваме до пошироката јавност во пелагонискиот регион, а со цел да ги поттикнеме потенцијалните кориснички на нашите услуги да пријават и да бараат помош во подружницата на ЕХО – Канцеларијата за интегративен пристап до пакетот неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство –Прилеп.
Активноста е дел од активностите во рамки на Проектот „Јакнење на интегрираните услуги за жени и девојки изложени на насилство во пелагонискиот и југоисточниот регион“, финансиски поддржан од Европската Унија и Шведска, а субгрантиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Коалиција Маргини.
Како до бесплатна правна помош во случаи на насилство врз жени и семејно насилство
- Details
Сесија за правна едукација на тема „Како до бесплатна правна помош во случаи на насилство врз жени и семејно насилство?“ се одржа во Гевгелија на 24 април во организација на ЕХО, а во соработка со Општина Гевгелија. Освен што сесијата имаше за цел да ги информира граѓаните за бесплатната правна помош и интегрираните услуги за жени и девојчиња што ЕХО ги обезбедува за овие ранливи категории, претставуваше и поволна прилика да се најави формирањето на Мултисекторски тим на заедницата во Гевгелија за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство. Настанот беше дел од активностите во рамки на проектот „Јакнење на интегрираните услуги за жени и девојки изложени на насилство во пелагонискиот и југоисточниот регион“, финансиски поддржан од Европската Унија и Шведска, а субгрантиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Коалиција Маргини.
20 години заедништво, верба, истрајност, посветеност!
- Details
20 години ЕХО - 7 април 2023
20 години заедништво, верба, истрајност, посветеност!
Заедно со сите Вас растевме, учевме, сонувавме, делувавме и менувавме...
Сите заедно, сплотени и обединети во мисијата, продолжуваме да градиме похуман, поправеден, подобар и поубав свет!
Бидејки родовата еднаквост е важна
- Details
24 март во Штип протече во знакот на подигање на свеста за насилството врз жените како најбрутален чин на дискриминација врз жените и девојчињата, но и за заштитата од булинг како тежок облик на врсничко насилство.
За таа цел, под слоганот „Бидејќи родовата еднаквост е важна“ , во организација на Интерарт културниот центар и ЕХО, како локален партнер, во Штип се одржаа два несејкодневни настани во Мултимедијалниот центар при УГД и Домот на културата Ацо Шопов, со кои преку форми на уметничко изразување, проекција на кус филм и танцов перформанс, беше креиран „Простор за разговор“ во кој учествуваа Бети Пејева, претседателката на ЕХО, Рисима Рисимкин, професорка и кореографка, Огнен Јаневски, Амбасадор против говорот на омраза за Западен Балкан на Советот на Европа и ЕУ, Ана Зафирова, новинарка и активистка и Горан Трајков, директор на Домот на културата –Штип
- Предавања за препознавање и превенирање од врсничко насилство во основните училишта во Штип
- Квартален состанок за Мултисекторскиот тим на зедницата за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство од Штип
- Заштита од професионално прегорување како предуслов за квалитетни услуги наменети за жени и девојчиња изложени на насилство
- Воведување во пракса на одредбите од новодонесениот Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство
Page 4 of 14