Едукативно хуманитарна организација – Ехо од Штип е основанa на 7 април 2003 год. по иницијатива на група граѓани со значително искуство на работа во граѓанскиот сектор и со огромен ентузијазам за внесување на иновативни идеи во работата на граѓанските асоцијации. Оттогаш, ЕХО има имплементирано повеќе од 70 проекти за  унапредување на родовата рамноправност и за подобрување на социо-економската состојба на граѓаните, како во источниот и југоисточниот дел на Македонија, така и во сите останати  региони на земјата. Проектите и политиките  на кои работи ЕХО имаат големо влијание, не само во рамки на државата, туку и пошироко во регионот преку пренесување и реплицирање на позитивните практики во останатите земји.

ЕХО е препознатлива организација, лидер во Источиот регион во областа на заштита на жени жртви на родово базирано насилство (РБН). Организацијата исто така е фокусирана на зголемување на граѓанското учество во креирањето на политики и донесувањето на одлуки. Досега реализираните активности ја покажуваат посветеноста и експертизата на членовите на ЕХО во залагање, застапување и лобирање за интересите на граѓаните, во насока на нудење и обезбедување на советодавни и консултативни услуги, спроведување на истражувања за потребите и проблемите на маргинализираните и ранливи социјални групи, како и едукативни сесии за различни правни, социјални и здравствени теми.

Организацијата има респективно искуство во спроведување на мониторинг врз работатата на локалните власти, локалното управување во насока на сузбивање на корупцијата, и унапредување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста. ЕХО има воспоставено голем број на партнерства и соработка со граѓани, домашни и меѓународни асоцијации, како и со владини институции, бизнис секторот и со локалните и национални електронски и печатени медиуми.

Организациска структура:

Собранието е орган во чија надлежност е утврдување на насоките за работа на организацијата, а во неговиот состав влегуваат сите членови;
Упоравен одбор се состои од пет членови, задолжени за управувањето со организацијата;
Надзорната комисија, која се состои од трoјца членови, задолжени за надгледување на работата и ревизија на спроведените активности.

Визија:

Ехо е активен чинител во општеството кое е природна средина на свесни и вклучени жени и девојки, во кое се применуваат ефективни стандарди и политики за заштита од родово базирано насилство и за транспарентно и отчетно владеење.

Мисија:

Едукативно хуманитарна организација ЕХО застапува примена на интегриран пристап во унапредување на родовата рамноправност и човековите права и поттикнува активно учество на граѓаните во креирањето на политики.

 

ТИМ:

Beti Peeva

 

Бети Пеева,
претседателка

 

Blagica Kirov

 

Благица Киров,
програмска координаторка - правничка

Christina Nacheva

 

Христина Начева,
административна и финансиска асистентка

Julia Davkova

 

Јулиа Давкова,
проектна координаторка

 

Elena Lazareva

 

Елена Лазарева,
проектна асистентка

 

 

Pin It