Слаби капацитети на инспекциските служби во општините
- Details
„Целта на истражувањето е согледување на состојбите со инспекцискиот надзор во единиците на локална самоуправа. Истражувањето е поттикнато од ризиците од корупција поврзани со инспекцискиот надзор кои ја наметнуваат неопходноста од анализирање на постоечките практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на овие процедури.“
Истражување и анализа на постапката за продажба на државно градежно земјиште
- Details
Целта на истражувањето е да се анализира постапката за продажба на градежно земјиште. Истражувањето на состојбата со продажбата на градежното земјиште, го спроведе Центарот за граѓански комуникации, заедно со невладините организации вклучени во спроведување на проектот „Заштита од корупција“ (Младински културен центар – Битола, Рурална коалиција, Центар за интеркултурен дијалог, Еколошко друштво „Вила Зора“ Велес, Здружение на граѓани Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица, Здружение Мултикултура, Здружение на граѓани ЗИП Институт за политики и добро владение и ЕХО Едукативно-хуманитарна организација).
Проект: Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини
- Details
Здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец Штип, во партнерство со Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Здружението ИНИЦИЈАТИВА НА НЕВРАБОТЕНИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ Виница го спроведуваат проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“.
Истражување за процесот на доделување на Б-Интегрирани еколошки дозволи
- Details
Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава. Во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021 – 2025) се вели дека овој сектор добива на значење во последните години, поради воведувањето различни еколошки и други дозволи кои деловните субјекти треба да ги имаат за да можат да ги започнат/вршат своите оперативни активности.
Истражувањето открива дека никој во земјава не располага со точниот податок за бројот на доделени Б-интегрирани еколошки дозволи што општините им ги издаваат на фирмите чие работење влијае врз животната средина. Според Регистарот што го води Министерството за животна средина и просторно планирање иматели на Б дозволите се 278 компании.
Истражување - Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата
- Details
Истражувањето открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година.
Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава.
- Соопштение за медиуми
- Истражување - Трошки за здруженија на граѓани во општинските буџети
- Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации
- Работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство
Page 1 of 14