ПОЧЕТНА
Помош околу домашна платежна картичка
- Details
- Created on Thursday, 11 June 2020 15:49
Не знаете како да проверите дали сте корсник на домашната платежна картичка?
Системот ви одговорил дека не сте на листата на корисници а вие ги исполнувате условите и сметате дека имате право?
Ние можеме да ви помогнеме.
ЕХО им нуди помош на граѓаните за проверка на податоците на веб страната, како и за помош и поддршка на граѓаните кои не се на листата на корисници на оваа парична помош, сметаат дека треба да добијат картичка и сакаат да реагираат во врска со тоа.
Јавете се на 070 228 282.
Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество
- Details
- Created on Monday, 27 April 2020 16:22
Во 2019/2020 година тимот на ЕХО ги градеше капацитетите како дел од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од Делегацијата на Европска Унија.
Дел од тимот на ЕХО учествуваа како истражувачки и авторки на студијата „Од закони до пракса - колку се функционални локалните механизми за родова еднаквост? : студија во Вардарски и Источен Регион“ достапна на https://cutt.ly/0ydZlpX како и на мониторинг извештајот „Како до функционални локални механизми за родова еднаквост“ достапен на https://cutt.ly/6ydZvgz
Промотивно, едукативно видео за Пристап до правда
- Details
- Created on Friday, 31 January 2020 16:18
Завршен настан на проект за Родово-базирано и Семејно насилство во средните училишта
- Details
- Created on Wednesday, 25 December 2019 16:01
Завршен настан на проект за Родово-базирано и Семејно насилство во средните училишта, проект за информирање и едукација на ученици и школски тимови за родовите стереотипи и родово-базираното и семејно насилство.
Read more: Завршен настан на проект за Родово-базирано и Семејно насилство во средните училишта
Панел дискусија со претставници од локални институции и адвокати
- Details
- Created on Monday, 23 December 2019 16:10
На 23.12.2019 г. ЕХО, во соработка со претставничка на Министерството за правда - Подрачно одделение во Штип реализираше панел дискусија со претставници од локални институции и адвокати, на која дискутантите ги споделија досегашните искуства и очекувањата од новиот Закон за бесплатна правна помош.
More Articles...
- Учество на обуки за правно зајакнување на вработени во Министерството за труд и социјална политика
- Градоначалникот и претседателот на Советот на општина Штип остварија средба со Мултисекторскиот тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките
- Средба со градоначалникот на општина Струмица со претставници од мултисекторските тимови од Штип и Струмица
- Работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство