ПОЧЕТНА
Spek up! - Трето наградено видео на Илиријан Селими
- Details
- Created on Tuesday, 27 November 2018 12:47
Spek up! - Трето награденото видео на Илиријан Селими на наградниот конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!
Конкурсот беше објавен во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство “,спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.
Награден конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!
- Details
- Created on Monday, 29 October 2018 13:41
ЕХО Едукативно – хуманитарна организација – Штип објавува конкурс за креативни фотографии, илустации и видеа на теми поврзани со спречување на насилството врз жените и девојките .
Право на учество имаат студенти/ки и млади над 18 години, кои своите пораки за спречување на насилството врз жените и девојките можат да ги преточат во фотографија, илустрација или кратко видео.
Се охрабруваат апликантите во композицијата и/или сценариото на своите дела да вклучат припадници на армиските и/или полициските сили, претставници на малцински групи, или лица со посебни потреби, со цел да се даде симболичен приказ на сериозноста на проблемот и да се повика јавноста активно да се вклучи во спречување и заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство.
Со лицата кои ќе ги изработат најдобрите три креативни дела, ЕХО ќе склучи авторски договор за нивно користење за потребите на организацијата. (Договорите ќе бидат во висина од 25.000 денари, 20.000 денари и 15.000 денари во бруто износ, во зависност од рангирањето на креативните дела).
Трите највисоко оценети креативни дела ќе бидат објавени на веб страницата на ЕХО, фејсбук страницата на ЕХО, а доколку станува збор за видеа, ќе се објават и на You Tube каналот на ЕХО и истите ќе се промовираат во вид на спонзорирани објави за време на глобалната Кампања „16 денови активизам против родово базирано насилство“, чие годинешно мото гласи „Orange the World: #HearMeToo“. За повеќе информации во врска со кампањата кликнете овде.
Како да аплицирате
Креираните фотографии, илустрации, или видеа со назнака „За награден конкурс“, заедно со личните податоци и контакти за авторот, треба да се испратат на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , најдоцна до 20 ноември 2018 година, а изборот ќе се изврши најдоцна до 23 ноември 2018 година.
Фотографиите, илустрациите и видеата треба да бидат во форма која е погодна за дигитално објавување и е во согласност со критериумите за објавување на социјалните мрежи.
Се препорачува фотографиите, илустрациите и видеата да бидат изработени во квалитетна резолуција, а должината на видеата да изнесува најмногу 2 минути.
Конкурсот се објавува во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство “,спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација ,во партнерство со Организација на жените од Струмица и Македонско здружение на млади правници.
За подетални информации во врска со конкурсот испратете порака на фб страницата на ЕХО https://www.facebook.com/echostip/
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.
Одржана третата едукативна сесија на тема oстварување и заштита на правото на издршка
- Details
- Created on Tuesday, 25 September 2018 20:02
Во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество - Македонија, на 24.09.2018 година во просториите на ЕХО се одржа третата едукативна сесија за правно описменување и зајакнување на граѓаните на тема oстварување и заштита на правото на издршка. Преку интересна дискусија за честите прекршувања на ова право и преку практични примери учесниците научија каде може да побараат помош и совет и какви постапки за заштита може да водат граѓаните кога трпат ваков вид на економско насилство.
Кои се условите за остварување на бесплатна правна помош
- Details
- Created on Friday, 21 September 2018 10:25
Подготвивме информативен приказ за условите кои барателите треба да ги исполнат за да остварат право на бесплатна правна помош.
Едукациска сесија за правно описменување и зајакнување на граѓани на тема остварување и заштита на правото на издршка
- Details
- Created on Friday, 21 September 2018 10:21
Почитувани, во рамки на активностите на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, во понеделник, 24.09.2018 година, со почеток во 18:00 часот во просториите на ЕХО што се наоѓаат во Штип на ул.Христијан Карпош бр.6/4 спроти здравствениот дом, ќе се одржи едукациска сесија за правно описменување и зајакнување на граѓани на тема остварување и заштита на правото на издршка. Неплаќањето на судски определената издршка за децата е еден од најчестите облици на економско насилство што го преживуваат жените и децата. Поканети се сите кои сакаат да научат повеќе и да ги споделуваат информациите во својата заедница.
Одржана првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство
- Details
- Created on Sunday, 16 September 2018 12:25
Во периодот од 11 – 12 септември во хотел Сириус, Струмица, се одржа првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство. Работилницата е дел од активностите на проектот „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот од неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство“ во рамки на регионалната програма на телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.
More Articles...
- Зошто, кому, каде и како до правото на бесплатна правна помош
- Информација за работата на ЕХО во областа на бесплатната правна помош и пристапот до правда во првите шест месеци од 2018 година
- Покана за доставување понуди 1 за набавка на услуги – ангажирање на експерт за изработка на студија на случај
- Работилница - „Подготовка на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени - жртви на насилство“