Проект: Зајакнување на интегрираните услуги за жените изложени на насилство во Пелагонија и Југоисточниот регион(времетраење на проектот: 18 месеци)

Проектот има за цел да овозможи заштита и јакнење на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство во Пелагонискиот и Југоисточниот регион. Оваа цел ќе се постигне со унапредување на граѓанскиот пристап до правда и заштита од насилство преку зголемена употреба на сеопфатен сет на правни и услуги на психосоцијална помош и поддршка за жртвитe на насилство врз жени и семејно насилство, преку јакнење на свеста, знаењето и способноста да се користи правото на бесплатна правна помош, како и на соработката и вмрежувањето меѓу релевантните институции и давателите на услуги.

линк - Project Summary

Проект: „Заштита од корупција“ (1.4. 2022 – 30. 4. 2024)

Проектот „Заштита од корупција“ има за цел намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на ниво на локалната самоуправа преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и имплементација на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година.

Проект: „Затоа што те љубам“ (1.2.2023-1.11.2023)

„Затоа што те сакам“ е проект наменет за млади, момчиња и девојчиња тинејџери и млади луѓе на преминот кон зрелоста.

Општата цел на проектот е да ги едуцира и насочи младите луѓе да препознаат што претставува вистинска врска помеѓу интимните партнери и како да градат здрави односи без насилство.

Оваа цел ќе се постигне преку:

  1. едукација и подигање на знаењето на младите за тоа како да се развие здрава врска, но и како да се излезе од односите во кои се практикува и толерира насилство;
  2. креативен активизам на младите, кој ќе придонесе за промена на нивните ставови, свест и однесување во интимните односи.
Pin It