Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава. Во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021 – 2025) се вели дека овој сектор добива на значење во последните години, поради воведувањето различни еколошки и други дозволи кои деловните субјекти треба да ги имаат за да можат да ги започнат/вршат своите оперативни активности.
Истражувањето открива дека никој во земјава не располага со точниот податок за бројот на доделени Б-интегрирани еколошки дозволи што општините им ги издаваат на фирмите чие работење влијае врз животната средина. Според Регистарот што го води Министерството за животна средина и просторно планирање иматели на Б дозволите се 278 компании.
Истражување за процесот на доделување на Б-Интегрирани еколошки дозволи
- Details