Затоа што те љубамЗатоа што те љубам-проект спроведуван од ЕХО, Едукативно-хуманитарна организација од Штип, во период февруари-ноември 2023година, поддржуван од Екуменска иницијатива на жени од Република Хрватска.

Затоа што те љубам–проект инспириран од најчувствителниот копнеж, водилката на животот, добротелот кој нè воскреснува – љубовта.

Затоа што те љубам –затоа што сакаме да ја споделиме љубовта, да се едуцираме, мотивираме, инспирираме и охрабриме од капацитетот на срцата човечки да љубат.

Затоа што те љубам–затоа што градиме врски чиј темел е љубовта, врски кои не толерираат насилство, туку врски кои лекуваат, обновуваат, облагородуваат.

Затоа што те љубам –летна школа за млади тинејџери кои своите таленти ги споделија несебично за целите на проектов и ги родија страниците кои следат.

Линк до публикацијата

Pin It