ЕХО е организација која во својот домен на работа има посебна програма за здрави и активни стилови на живот EHO Fit - Active holiday, посветувајќи особено внимание на психо-физичкото здравје на жените и младите.
И овогодинешната Летна школа, покрај врсничката едукација за градење на здрави љубовни врски и превенција од насилство во врските, беше одлична можност да ги едуцираме младите за важноста на самогрижата, техниките за самопомош и релаксација, вежбањето низ забава и правилната исхрана во воспоставување на здрави навики и односи кон самите себе. Зашто водејќи грижа за самите себе и сакајќи се самите себе создаваме здрава основа за разбирање, почит и љубов во меѓусебните релации.
Летната школа се реализираше во периодот од 9 до 12 јули 2023 година во Охрид, во рамки на проектот „Затоа што те љубам“, со финансисиска поддршка од Екуменска иницијатива на жени од Р.Хрватска.