Заеднички тематски состанок на членовите на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени изложени на насилство и нашите долгогодишни соработници од Штип, Прилеп и Струмица, со тема: „Воведување во пракса на одредбите од новодонесениот Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство“, се одржа на 21 декември 2022 година, во хотел Гарденија – Велес.
На состанокот, покрај одредбите од законот, беше дискутирана ефективноста од функционирањето на МТЗ во секоја од општините каде се формирани, како и пречките и предизвиците со кои се соочуваат членовите, но и бројните успешни приказни кои покажуваат дека моделот на мултисекторски интегриран пристап што ЕХО го спроведува и постојано го надградува, претставува единствен пример за ефикасност и меѓусебна соработка на општите и специјализирани даватели на услуги за жени и девојки изложени на насилство, чии резултати се сѐ поголеми од година во година.
Притоа, огромен придонес во развивањето и надградувањето на овој модел имаат нашите долгогодишни партнери и донатори - Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои веруваат во нашиот потенцијал, нашите идеи и резултати и континуирано ја поддржуваат нашата работа од 2018 година, а со тоа овозможуваат голем број на жени и девојки, изложени на насилство, да добијат навремена, брза и ефикасна заштита.
Тематскиот состанок се реализираше во рамки на проектот „All together in building Communities free of GBV“, кој го спроведува ЕХО, а финансиски е поддржан од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.