Во насока на мапирање на достапноста и функционалноста на специјализираните услуги за жени и девојки изложени на насилство, како и оценување на капацитетите и утврдување на тековните проблеми, потреби и пречки со кои се среќаваат давателите на услугите, на 14 октомври ЕХО одржа работна средба со вработените во Центарот за социјална работа во Прилеп.
На средбата беа изложени предизвиците со кои се соочуваат стручните лица во обезбедување на квалитетни, навремени и ефикасни услуги за жените жртви на родово базирано и семејно насилство, како и можностите за меѓусебна соработка со подружницата на ЕХО во Прилеп како давател на специјализирани услуги за бесплатна правна помош, психо-социјална поддршка и економско јакнење на жртвите, користејќи го моделот за мултисекторски интегративен пристап што ЕХО го применува.
Претставници од ЦСР Прилеп се членови на Мултисекторскиот тим за ефикасна заштита на жени изложени на насилство, во кој даваат значаен придонес со својата експертиза и заедно со останатите претставници на општите даватели на услуги, претставуваат неопходна алка во системот на заштита на жртвите.
Мапирањето на услугите за жени и девојки изложени на насилство се спроведува во рамки на проектот „Сите заедно во градење заедници без насилство„ финансиски поддржан од Шведска и Kvinna till Kvinna