Квартален состанок, наменет за членовите на Мултисекторскиот тим од Прилеп за ефикасна заштита на жени изложени на насилство, се одржа на 29 март во Прилеп. На состанокот беше презентирана актуелната функционалност на тимот, од страна на ЕХО беше презентирана Програмата за економско јакнење, ресоцијализација и реинтеграција наменета за жени кои претрпеле насилство, а исто така се дискутираше за начинот на координација и известување, за потребите и предизвиците на МТЗ Прилеп, како и за следните планирани активности за јакнење на капацитетите на мултисекторските тимови со кои координира ЕХО.
Особено ефикасниот модел за интегриран мултисекторски пристап до неопходните услуги за жени и девојки изложени на насилство, којшто ЕХО го практикува, резултираше со воспоставување на уште една подружница на ЕХО во Прилеп, но и со проширување на МТЗ Прилеп со нови членови од релевантните институции, и со етаблирање на ЕХО тим во Прилеп со цел јакнење на координацискиот механизам и услугите кои ЕХО ги овозможува за потребите на жртвите на РБН.
Кварталниот состанок се реализираше во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без родово базирано насилство“, поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna.