2021 година беше година на предизвици кои подразбираа напорна работа и огромни залагања од страна на персоналот на ЕХО во обезбедување на проширен обем на услуги за жени и девојки изложени на насилство, координација со мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените од насилство и вклучување во клучните текови на креирање на политики засновани врз издржани практики во областа на заштитата на жените и девојките од секаков вид на насилство. За да успееме да ги зајакнеме капацитетите на персоналот, да го одржиме постоечкиот персонал и да обезбедиме прилив на нови стручни кадри, работевме и на сопственото организациско, односно институционално јакнење преку неколку исклучително корисни работилници наменети за клучниот персонал на ЕХО, а од кои произлегоа организациски политики и документи кои имаат значајно влијание за целокупната успешна работа на организацијата.
Во периодот од 15-16 јуни беше одржана работилница која резултираше со подготовка на Политика за раководење со човечки ресурси која опфаќа систематизација на работни места, систем на плати и систем на мотивација на персоналот
Од 14-16 јули се реализираше работилница за проценка на реализацијата на стратешкиот план и планот за одржливост како и ревидирање на овие документи и нивно дополнување, додека во периодот од 16-18 јули беше спроведена работилница за подготовка на Програма за заштита од професионално прегорување на персоналот на ЕХО.
Работилниците претставуваа дел од активностите во рамки на проектот "Сите заедно во градење на заедници без насилство" поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna.