Дводневната работилница која ЕХО ја реализираше на 22 и 23 декември, а на која учествуваа претставници од Мултисекторскиот тим за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, персоналот на ЕХО, надворешни соработници на организацијата, Агенцијата за вработување, општината, и, како гости -презентери на програмите за курсеви и дообразување, претставници од Отворениот граѓански универзитет „Ванчо Прќе“, резултираше со подготвена нацрт верзија на Програма за економско јакнење, ресоцијализација и реинтеграција на жените кои претрпеле насилство.
Со оваа програма ЕХО повторно се истакна како лидерска организација во областа на обезбедување на специјализирани, интегрирани и сеопфатни услуги за жените и девојките кои претрпеле насилство, прилагодени на нивните потреби и согласно највисоките меѓународни стандарди во оваа област.