Согласно своите стратешки цели, ЕХО вложува напори да го реплицира Моделот за интегративен пристап до неопходните услуги за жени и девојки изложени на насилство и во други општини на нашата земја. За таа цел беше формирана подружница на ЕХО во Општина Прилеп, како и Мултисекторски тим на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, што го претставува основниот столб на интегративниот пристап во заштитата на жените од насилство. Во рамки на програмата на ЕХО за јакнење на капацитетите на претставниците на мултисекторските тимови , во периодот од 6 до 7 октомври 2021 година, беа реакизирани работилници за Мултисекторскиот тим од Прилеп на теми: Интегрирање на родовата компонента во работата на мултисекторските тимови и Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство. Работилниците претставуваат дел од активностите во рамки на проектот „Сите заедно во градење заедници без родово базирано насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna.

Pin It