Во рамки на кампањата 16 денови на активизам против родово базирано насилство, објавуваме дел од активностите со кои ЕХО дава значаен придонес во превенцијата, заштитата и спречувањето на насилството врз жени и семејното насилство.
Младите активистки на ЕХО претставуваат свежо ентузијастичко јадро на кое се потпира теренската работа, видливоста и иднината на ЕХО. Програмата „ЕХО млади“ опфаќа бројни активности за јакнење на капацитетите на младите активистки кои етапно се реализираат зависно од идентификуваните интереси и потребите на младите.
Како дел од програмата ЕХО млади, во периодот од 29-31 август, во Охрид беше реализирана работилница на тема "Презентација , маркетинг и зголемена присутност на социјалните медиуми", на која, младите од ЕХО и поискусниот персонал на организацијата, имаа можност да се запознаат со нови алатки и методи за презентација на работата на организацијата и да се стекнат со практични вештини за зголемување на видливоста на организацијата на социјалните мрежи. Исто така, со оваа работилница, ЕХО почна да применува нов модел на реализација на настани, во чии рамки се внимава да се постигне баланс помеѓу времето за работниот дел на обуките и времето за рекреативно-спортски и забавни активности на учесниците, со што се води сметка за физичката и менталната благосостојба на персоналот.
Работилницата беше реализирана во рамки на проектот „Сите заедно да градиме заедници без насилство“, поддржана од фондацијата Kvinna till Kvinna.