ЕХО организираше работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица, за ефикасна заштита на жените и девојките изложени на насилство, која се одржа на 25 мај во Хотел Изгрев во Штип. Работната средба овозможи размена на искуства во однос на предизвиците за начинот на функционирање, комуникација и координација на тимовите во услови на здравствена криза, Средбата исто така претставуваше исклучителна можност да се развие дикусија во однос на примената и функционалноста на новиот Закон за заштита и спречување на насилство врз жените и семејното насилство, особено што доцни подготовката и усвојувањето на подзаконските акти кои треба да одговорат на одредени недоречености во законот. Претседателката на ЕХО, Бети Пејева ги презентираше плановите и идните активности на организацијата кои се предвидени за јакнење на капацитететите на Мултисекторските тимови, реплицирање на моделот за интегративен мултисекторски пристап во Општина Прилеп, како и плановите за развој на самата организација во насока на проширување на стручниот персонал и зајакнување на организациските капaцитети за влијание врз политиките насочени кон ефективна примена на модулите за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство. Работната средба беше реализирана во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna.
Работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица
- Details