Изминатиот петок во Кино-салата ,,Мис Стон" во Прилеп, на нашиот отворен настан под кампањата „Ние сме сè уште тука за тебе“ имавме можност да се дружиме со Огнен Јанески и да разговараме за мултисекторскиот пристап на нашата организација за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство.
Им благодариме на нашите гости од ОВР Прилеп и Центар за социјални работи - Прилеп што ни се придружија во дискусијата и ја поддржаа нашата кампања.
--
Те охрабруваме, разговарај отворено и во сигурна средина.
Нашите експертски тимови се тука за да ти обезбедат бесплатна психосоцијална и правна помош.
Јави се за поддршка до потребната сигурност и безбедност.
Не заборавај, ние сме сè уште тука за тебе!
Pin It