Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните.
Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати.
Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се ограничува најмногу до 6.000 денари.
Така, во спорови од голема вредност и физичките и правните лица плаќаа најмногу до 48.000 денари судска такса за поднесување на тужба и уште толку такса за судска одлука. Значи, овој износ на судски такси во првостепена постапка, според важечките прописи, може да достигне износ до 96.000 денари. Доколку се усвојат овие измени, во вакви случаи физичко лице би платило такси за тужба и за одлука најмногу до 12.000 денари.
Се намалуваат судските такси за физичките лица
- Details