Деновиве нашата организација ЕХО на покана на Комисијата за еднакви можности од Општина Штип во соработка со СВР Штип, во основните училишта одржаа предавања за заштита од врсничко насилство на тема: „Биди другар, не насилник“. На овие едукативни дружења со учениците од основните училишта во градот под Исарот ЕХО сето ова го визуализираше со девет постери на кои беше прикажан различен вид насилство. Младите волонтерки на ЕХО им ги пренесоа пораките од постерите на заинтересирани ученици, информирајќи ги дека постерите се креација од нивни врсници, ученици од основните и средните училишта во Штип. Голема благодарност до училиштата и образовниот кадар кои ни посакаа топло добредојде и кои се отворени за уште многу заеднички проекти во иднина.
Предавања за заштита од врсничко насилство
- Details