Истражување - Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата
- Details
Истражувањето открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година.
Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава.
Во рамки на проектот Летна школа за млади објавена е публикацијата "Затоа што те љубам"
- Details
Затоа што те љубам-проект спроведуван од ЕХО, Едукативно-хуманитарна организација од Штип, во период февруари-ноември 2023година, поддржуван од Екуменска иницијатива на жени од Република Хрватска.
Затоа што те љубам–проект инспириран од најчувствителниот копнеж, водилката на животот, добротелот кој нè воскреснува – љубовта.
Затоа што те љубам –затоа што сакаме да ја споделиме љубовта, да се едуцираме, мотивираме, инспирираме и охрабриме од капацитетот на срцата човечки да љубат.
Затоа што те љубам–затоа што градиме врски чиј темел е љубовта, врски кои не толерираат насилство, туку врски кои лекуваат, обновуваат, облагородуваат.
Затоа што те љубам –летна школа за млади тинејџери кои своите таленти ги споделија несебично за целите на проектов и ги родија страниците кои следат.
Линк до публикацијата