Истражување - Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата
- Details
Истражувањето открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година.
Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава.
Соопштение за медиуми
- Details
ЗАСТАРЕНИ ГУП-ови, ЧЕСТО МЕНУВАЊЕ ДУП-ови И ГОЛЕМ БРОЈ ДИВОГРАДБИ
Денес, 29 февруари 2024 година, го објавуваме истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.
Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:
Истражување - Трошки за здруженија на граѓани во општинските буџети
- Details
Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90% од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно.
Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации
- Details
Работилница за вмрежување на мултисекторските тимови и стручните соработници за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство
- Details
Page 1 of 13