Дводневна работилница на тема: „Заштита од професионално прегорување како предуслов за квалитетни услуги наменети за жени и девојчиња изложени на насилство“ беше оддржана на 20 и 21 декември во Хотел Гарденија, Велес. На работилницата присуствуваа вкупно 14 членови на Мултисекторскиот тим на заедницата на Општина Штип за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство со кој координира ЕХО. Со оглед дека професионалците кои работат со оваа ранлива категорија се секојдневно изложени на стресогени фактори што влијае кај нив да има повеќекратно зголемен ризик од професионално прегорување, на работилницата, од страна на искусни психолози-психотерапевтки беа презентирани и обработени техники и практични вештини за справување со стрес и професионално согорување на индивидуално и организациско ниво.
Работилницата беше дел од активностите, финансирани од Општина Штип, кои ЕХО, во тек на 2022 година, ги спроведуваше во рамки на Програмата за еднакви можности на Општина Штип.
Pin It