Се намалуваат судските такси за физичките лица
- Details
Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните.
Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати.
Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се ограничува најмногу до 6.000 денари.
Така, во спорови од голема вредност и физичките и правните лица плаќаа најмногу до 48.000 денари судска такса за поднесување на тужба и уште толку такса за судска одлука. Значи, овој износ на судски такси во првостепена постапка, според важечките прописи, може да достигне износ до 96.000 денари. Доколку се усвојат овие измени, во вакви случаи физичко лице би платило такси за тужба и за одлука најмногу до 12.000 денари.
Биди отпорен на корупција
- Details
Известување до јавноста
- Details
ЕХО Едукативно хуманитарна организација Штип започна со реализација на проектот „Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво„ кој се спроведува во рамки на проектот ,,Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво”* , реализиран од Фондација Отворено опшество – Македонија, а финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19
- Details
ЕХО Штип започна со реализација на проектот “Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19“, во рамки на кој го прошируваме опсегот на примарната правна помош на нашите сограѓани на кои им е потребна помош и поддршка во остварување и заштита на работничките, правата од областа на невработеноста и од социјалната заштита.
Проширувањето се однесува на:
- Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници со ниски приходи, кои останале без работа и чии работнички права се прекршени.
- Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници од неформалната економија, кои се соочуваат со потешкотии во пристапот до права од социјална заштита и во случај на невработеност.
- Зголемување на информираноста и знаењето за работничките права.
Ги охрабруваме сите граѓани кои имаат правен проблем, потреба од правна информација, совет, упатување и поддршка за заштита и остварување на работнички, социјални права и антикризни мерки да се обратат во здружението ЕХО кое се наоѓа на ул.Христијан Т. Крпош бр.6/4 (спроти здравствениот дом), со јавување на 032 384 143 или на 070 22 82 82, како и на нашата ФБ страница со порака.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.
Помош околу домашна платежна картичка
- Details
Не знаете како да проверите дали сте корсник на домашната платежна картичка?
Системот ви одговорил дека не сте на листата на корисници а вие ги исполнувате условите и сметате дека имате право?
Ние можеме да ви помогнеме.
ЕХО им нуди помош на граѓаните за проверка на податоците на веб страната, како и за помош и поддршка на граѓаните кои не се на листата на корисници на оваа парична помош, сметаат дека треба да добијат картичка и сакаат да реагираат во врска со тоа.
Јавете се на 070 228 282.
- Проект: Следење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните набавки на локално ниво
- Проект: Примена на модел за интегративен пристап на есенцијалните/суштинските услуги за жени и девојки жртви на насилство
- Проект: РАЗМЕНА НА НАЈДОБРИ ЕУ ПРАКТИКИ ВО СЛЕДЕЊЕ НА АНТИКОРУПТИВНИ МЕРКИ НА ЛОКАЛНО НИВО
- Соопштение за проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“
Page 11 of 13