ПОЧЕТНА

Презентација на родовите приоритети утврдени преку проектот “Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивна и одговорна општина”

 Настанот го спроведува ЕХО Едукативно хуманитарна организација Штип, во рамки на проект “Вклучи се – побарај гласно!“ спроведуван од НСРР- Национален совет за родова еднаквост во соработка со АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности.  

 ЕХО, како реномирана женска организација, со години наназад, вложува значајни напори за родовото одговорно буџетирање да стане континуирана пракса на општина Штип, преку вклучување, анимирање и помагање на поголем број на жени и девојки во заедницата, за да заедничките потреби и приоритети се преточат во релевантни, конкретни и специфични родово буџетски инницијативи. Истите, потпомогнати со соодветни алатки за застапување, би имале поголеми резултати и поголем импакт во заедницата, но и пошироко. Ваквите залагања треба да послужат како пример и добра пракса за женскиот граѓански активизам, а во насока на подобрување и унапредување на локалниот, правичен, рамномерен и родово-инклузивен социоекономски развој.

Група од 25 женски активистки од Штип, со помош и поддршка на ЕХО Едукативно-хуманитарна организација Штип, поднесоа предлог за вклучување на мерки во релевантните општински програми и соодветна распределба на финансиски средства од општинскиот буџет, како ефикасно би се одговорило на најважните, приоритетни потреби на жените и девојките во Општина Штип.
На завршниот настан одржан на 12 ноември 2021 год. пред директорите на јавните претпријатија во Штип, Претседателката и советнички од Советот на Општината како и на пошироката јавност беа презентирани пет родово буџетски иницијативи. Иницијативите беа поделени на повеќе интервенции/активности, како одговор на најприоритетните потреби на жените и девојките од нашата локална заедница и предлог-интервенции за нивно решавање од страна на Општина Штип.
Овој документ е продукт на неколкумесечно интензивно и фокусирано работење на ЕХО и јадрото женски активистки од нашата заедница.
Проектот финансиски е поддржан од UN Women – Скопје, во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во РСМ“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.