ПОЧЕТНА

Работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица

ЕХО организираше работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица, за ефикасна заштита на жените и девојките изложени на насилство, која се одржа на 25 мај во Хотел Изгрев во Штип. Работната средба овозможи размена на искуства во однос на предизвиците за начинот на функционирање, комуникација и координација на тимовите  во услови на здравствена криза, Средбата  исто така претставуваше исклучителна можност да се развие дикусија во однос на примената и функционалноста на новиот Закон за заштита и спречување на насилство врз жените и семејното насилство, особено што доцни подготовката и усвојувањето на подзаконските акти кои треба да одговорат на одредени недоречености во законот. Претседателката на ЕХО, Бети Пејева ги презентираше плановите и идните активности на организацијата кои се предвидени за јакнење на капацитететите на Мултисекторските тимови, реплицирање на моделот за интегративен мултисекторски пристап во Општина Прилеп, како и плановите за развој на самата организација во насока на проширување на стручниот персонал и зајакнување на организациските капaцитети за влијание врз политиките насочени кон ефективна примена на модулите за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство. Работната средба беше реализирана во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna.