ПОЧЕТНА

Повик за ангажирање на стручно лице за изработка на промотивно видео

ЕХО Едукативно – хуманитарна организација Штип на територијата на општина Охрид го спроведува проектот “Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво“ финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Како дел од проектните активности предвидена е изработка на кратко промотивно видео со должина до најмногу 5 минути, кое ќе содржи информации за проектот, активностите и постигнатите резултати, со цел зголемување на видливоста на проектот и промовирање на заштита на правата на граѓаните во однос на корупцијата и судирот на интереси.

За таа цел, ЕХО објавува повик за ангажирање на стручно лице за изработка на промотивно видео.
Право на учество имаат сите лица кои имаат искуство во изработка на кратки промотивни видеа.
Пријава се врши со поднесување на Писмо за интерес, кон кое се доставува работна биографија со податоци (линкови до објави) за релевантно искуство и изработени видеа.
Пријавата, заедно со наведените документи треба да се испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 22 март 2021 година, а изборот ќе се изврши најдоцна до 23 март 2021 година.
Со лицето кое ќе биде избрано, ЕХО ќе склучи договор со кој ќе се регулираат обврските меѓу договорните страни. За работата на ангажираното лице предвиден е бруто - надоместок во износ од 11430 денари.
За подетални информации во врска со повикот испратете порака на фб страницата на ЕХО https://www.facebook.com/echostip/ или јавете се на 070 22 82 82.