ПОЧЕТНА

Известување до јавноста

ЕХО Едукативно хуманитарна организација Штип започна со реализација на проектот „Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво„ кој се спроведува во рамки на проектот ,,Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво”* , реализиран од Фондација Отворено опшество – Македонија, а финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Проектот ќе се спроведува на територијата на општина Охрид до 31 март 2021 и има за цел зголемување на пристапот до правда и граѓанска вклученост во борбата против корупцијата и судирот на интереси, преку обезбедување на правна помош, едуцирање и информирање на заедницата, особено на ранливите групи на граѓани.

Проектните активности ќе целат кон остварување на специфичните цели:

1.Обезбедување на правна помош и поддршка за прашања поврзани со корупција и судир на интереси  на граѓаните од општина Охрид;

2.Подигање на јавната свест и знаењето на граѓаните за начините на пријавување и процесирање на корупција и судир на интереси;

3.Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации  преку изработка и постапување според протокол за постапување на здруженијата и правните клиники во случаи на корупција и судир на интереси.

За да можат граѓаните да ги добијат услугите на правна помош, информирање и поддршка, доколку се жртви или сведоци на коруптивни дејствија, во Охрид ќе започне да функционира Канцеларија за правна помош и поддршка, која се наоѓа на ул.8-ми Септември бр.27. 

Сите граѓани, кои што се заинтересирани да остварат средба во Канцеларијата за правна помош и поддршка или да добијат правен совет, информација и упатувања, можат да го контактираат проектниот тим:

- на телефонскиот број 070 22 82 82, 

- на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или

- во порака на ФБ страницата на ЕХО https://www.facebook.com/echostip.

*Проектот е дел од ,,Проектот за граѓанско учество”, спроведуван од Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management InstituteEWMI) и финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

- во порака на ФБ страницата на ЕХО
https://www.facebook.com/echostip
.