ПОЧЕТНА

Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19

ЕХО Штип започна со реализација на проектот “Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19“, во рамки на кој го прошируваме опсегот на примарната правна помош на нашите сограѓани на кои им е потребна помош и поддршка во остварување и заштита на работничките, правата од областа на невработеноста и од социјалната заштита.

Проширувањето се однесува на:

  • Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници со ниски приходи, кои останале без работа и чии работнички права се прекршени.
  • Бесплатна примарна правна помош и поддршка на работници од неформалната економија, кои се соочуваат со потешкотии во пристапот до права од социјална заштита и во случај на невработеност.
  • Зголемување на информираноста и знаењето за работничките права.

Ги охрабруваме сите граѓани кои имаат правен проблем, потреба од правна информација, совет, упатување и поддршка за заштита и остварување на работнички, социјални права и антикризни мерки да се обратат во здружението ЕХО кое се наоѓа на ул.Христијан Т. Крпош бр.6/4 (спроти здравствениот дом), со јавување на 032 384 143 или на 070 22 82 82, како и на нашата ФБ страница со порака.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.