ПОЧЕТНА

Учество на обуки за правно зајакнување на вработени во Министерството за труд и социјална политика

Активистката на ЕХО за олеснување на пристапот до правда Благица Киров учествуваше со три излагања на две обуки за правно зајакнување на вработени во Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Министерството за правда и подрачните одделенија. На учесниците низ презентација им беше приближена секојдневната работа на овластените здруженија за бесплатна правна помош, како и важни аспекти при дизајнирањето на стратешка програма за правно зајакнување.