ПОЧЕТНА

Панел дискусија со претставници од локални институции и адвокати

На 23.12.2019 г. ЕХО, во соработка со претставничка на Министерството за правда - Подрачно одделение во Штип реализираше панел дискусија со претставници од локални институции и адвокати, на која дискутантите ги споделија досегашните искуства и очекувањата од новиот Закон за бесплатна правна помош.

Се направи осврт на улогата на адвокатите, обврските на сите учесници, како и осврт врз се она што на адвокатите им се чини како можни предизвици во практикувањето на законот, меѓу кои: ослободувањето од трошоци за вештачење за потребите на постапките, висината на надоместокот и плаќањето за извршената работа на адвокатите, изборот на адвокати од листата на регистрирани, итност во одобрувањето на помошта и унапредување на системот на БПП преку регистрирање на нови адвокати.