ПОЧЕТНА

Градоначалникот и претседателот на Советот на општина Штип остварија средба со Мултисекторскиот тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките

Денес во просториите на Општина Штип, претставници на Мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените и девојките од сите видови на насилство од Штип и Струмица, остварија средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов. На средбата беше презентирана работата и постигнувањата на Мултисекторските тимови и се разговараше за официјализирање на соработката на општината со Мултисекторските тимови во насока на взаемна поддршка за спроведување на родово одговорните политики. Претставниците на Општината изразија задоволство од ентузијазмот, успехот и постигнувањата на тимовите како и од можноста за продлабочување на соработката и изразија надеж дека двете општини во кои функционираат тимовите ќе претставуваат пример во Северна Македонија, но и пошироко, во регионот, за успешно функционирање на интегративниот пристап до пакетот на неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство.