ПОЧЕТНА

Работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство

Во периодот од 4 - 6 декември, во Хотел Сириус, Струмица, ЕХО реализира работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство – Разбирање на насилтвото врз жените и девојките“.
Работилницата е наменета за зајакнување на капацитетите на адвокатките и адвокатите, а со цел ЕХО да ја прошири мрежата на обучени соработници за ефикасна и ефективна заштита на жените и девојките изложени на насилство.
Работилницата е дел од активностите на проектот „Да креираме бранови на промени за родова рамноправност", поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и воедно се совпаѓа и претставува придонес кон кампањата 16 денови активизам против родово базирано насилство.