ПОЧЕТНА

Работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата од Штип и Струмица

Во периодот од 21- 23 ноември во Охрид, ЕХО реализираше работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство. На работилницата учествуваа членови на мултисекторските тимови од Штип и Струмица кои дадоа активен придонес во подготовката на заедничкиот акциски план. Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „ Да креираме бранови на промени за родова рамноправност, што ЕХО го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Kvinna till Kvinna.