ПОЧЕТНА

Време е: руралните и урбаните активист(к)и дејствуваат за промена на животите на жените

Во рамки на активностите на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, а по повод 8ми Март - Меѓународниот ден на жената кој оваа година се одбележува под глобалното мото „Време е: руралните и урбаните активист(к)и дејствуваат за промена на животите на жените„ денес со почеток во 17 часот во просториите на ОУ Страшо Пинџур во село Радање-општина Карбинци, ќе се одржи сесија за правно описменување на жени и девојки на тема заштита од семејно насилство. Поканети се сите кои сакаат да се запознаат со граѓанско-правниот аспект на заштитата на жртви на семејно насилство.