• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРОЕКТИ
    • Тековни проекти/активности
    • Реализирани проекти/активности
  • ДОКУМЕНТИ
    • Извештаи
    • Публикации
  • ГАЛЕРИЈА
  • АРХИВА
  • КОНТАКТ
  • ЕВИДЕНЦИЈА НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО
  • Македонски
  • English (UK)

Учество на обуки за правно зајакнување на вработени во Министерството за труд и социјална политика

Детали
Создадено на Среда, 18 Декември 2019 19:03
Активистката на ЕХО за олеснување на пристапот до правда Благица Киров учествуваше со три излагања на две обуки за правно зајакнување на вработени во Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Министерството за правда и подрачните одделенија. На учесниците низ презентација им беше приближена секојдневната работа на овластените здруженија за бесплатна правна помош, како и важни аспекти при дизајнирањето на стратешка програма за правно зајакнување.

Градоначалникот и претседателот на Советот на општина Штип остварија средба со Мултисекторскиот тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките

Детали
Создадено на Понеделник, 16 Декември 2019 17:36

Денес во просториите на Општина Штип, претставници на Мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените и девојките од сите видови на насилство од Штип и Струмица, остварија средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов. На средбата беше презентирана работата и постигнувањата на Мултисекторските тимови и се разговараше за официјализирање на соработката на општината со Мултисекторските тимови во насока на взаемна поддршка за спроведување на родово одговорните политики. Претставниците на Општината изразија задоволство од ентузијазмот, успехот и постигнувањата на тимовите како и од можноста за продлабочување на соработката и изразија надеж дека двете општини во кои функционираат тимовите ќе претставуваат пример во Северна Македонија, но и пошироко, во регионот, за успешно функционирање на интегративниот пристап до пакетот на неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство. 

Средба со градоначалникот на општина Струмица со претставници од мултисекторските тимови од Штип и Струмица

Детали
Создадено на Петок, 06 Декември 2019 17:31

Претставници на Мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените и девојките од сите видови на насилство од Штип и Струмица, денес во просториите на Општина Струмица, остварија средба со градоначалникот на општина Струмица и претседателот на Советот на Општина Струмица. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката на општината со Мултисекторските тимови во насока на взаемна поддршка за спроведување на родово одговорните политики насочени кон потребите на жените и девојките изложени на насилство како и за изнаоѓање на трајно решение за одржливоста и функционалноста на мултискеторските тимови во двете општини.
#16денаактивизамзаборбапротивродовобазиранонасилство 


Работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство

Детали
Создадено на Петок, 06 Декември 2019 07:52

Во периодот од 4 - 6 декември, во Хотел Сириус, Струмица, ЕХО реализира работилница на тема „Родово сензитивно застапување на жртви на родово базирано насилство – Разбирање на насилтвото врз жените и девојките“.
Работилницата е наменета за зајакнување на капацитетите на адвокатките и адвокатите, а со цел ЕХО да ја прошири мрежата на обучени соработници за ефикасна и ефективна заштита на жените и девојките изложени на насилство.
Работилницата е дел од активностите на проектот „Да креираме бранови на промени за родова рамноправност", поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и воедно се совпаѓа и претставува придонес кон кампањата 16 денови активизам против родово базирано насилство.

Работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата од Штип и Струмица

Детали
Создадено на Понеделник, 25 Ноември 2019 09:24

Во периодот од 21- 23 ноември во Охрид, ЕХО реализираше работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство. На работилницата учествуваа членови на мултисекторските тимови од Штип и Струмица кои дадоа активен придонес во подготовката на заедничкиот акциски план. Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „ Да креираме бранови на промени за родова рамноправност, што ЕХО го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Kvinna till Kvinna.

Едукациска сесија за новиот закон за бесплатна правна помош

Детали
Создадено на Петок, 15 Ноември 2019 17:07

Во рамки на проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“ финансиски поддржан од ФООМ, одржавме едукациска сесија за правно зајакнување на граѓаните во врска со новините од новиот закон за бесплатна правна помош.

Повеќе артикли...

  1. Презентација на резултати од истражување за јавните набавки
  2. 25 Октомври - Европски ден на правдата
  3. Одржана работилница во СОУ Димитар Мирасчиев
  4. Активност на ЕХО за промоција на новиот закон за БПП

Страница 3 од 14

  • Почеток
  • Пред
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • Следно
  • Крај

ДОНАТОРИ

unwomen.org
european union
kvinna
macedonia.usaid.gov
soros.org.mk
gmfus.org

 

ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

ccc.org.mk
zanabavki.mk
nvoinfocentar.org.mk
ozstrumica.mk
Македонско здружение на млади правници
Пристап до правда

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

 

ВИДЕО


 

најава

www.eho-org.mk ®