Проект: „Јавни набавки од план до реализација – граѓанско влијание на локално ниво“ . (2020 )

Со овој проект, преку директното и континуирано следење на целокупниот процес во спроведувањето на јавните набавки на локално ниво и следењето на транспарентноста и отчетноста на локалните власти за трошењето на нашите пари се зголемува влијанието на граѓанското општество врз антикорупциските политики и практики и е предуслов за правење на позитивни промени.

Со следење на конкретните набавки, ЕХО цели кон разбирање, стекнување и употреба на граѓанска моќ и влијание врз трошењето на нашите пари и подобрување на квалитетот на нашите животи.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на проектот Балкан тендер воч што се спроведува во партнерство Фондацијата за отворено општество Србија (како водечка организација) и Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Косовската Фондација за отворено општество, Центарот за граѓански комуникации, Македонија и Мрежата за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора.

Постери:

Брошура - Јавни набавки од план до реализација и граѓанско влијание врз состојбите на локално ниво - ЛИНК