Завршен настан на проект за Родово-базирано и Семејно насилство во средните училишта

Завршен настан на проект за Родово-базирано и Семејно насилство во средните училишта, проект за информирање и едукација на ученици и школски тимови за родовите стереотипи и родово-базираното и семејно насилство.

 

Проектот е организиран од Македонското здружение на млади правници – Скопје, во партнерство со Психотерапика, здружение за психологија и психотерапија од Скопје и здружението ЕХО од Штип, во периодот од јули – декември 2019 година. Беа вклучени ученици и школски тимови составени од наставници и психолошко-педагошка служба од средните училишта: Димитар Мирасчиев-Штип, Наце Буѓони-Куманово, Шаип Јусуф-Шуто Оризари, Орце Николов-Карпош, Моша Пијаде-Тетово и Дрита- Кичево.

Проектот се реализираше во рамките на Регионалната програма на ЕУ и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми – промена на ставови“, финансирана од Европска Унија и имаше за цел зајакнување на капацитетите на професорите и стручните служби (психолози и педагози) од шест средни училишта, но и учениците кои преку работилници стекнаа знаења за штетноста на родовите стереотипи, родово-базираното насилство и семејното насилство, како и за начините на кои можат да дејствуваат во своите средини.