Средба со градоначалникот на општина Струмица со претставници од мултисекторските тимови од Штип и Струмица

Претставници на Мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените и девојките од сите видови на насилство од Штип и Струмица, денес во просториите на Општина Струмица, остварија средба со градоначалникот на општина Струмица и претседателот на Советот на Општина Струмица. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката на општината со Мултисекторските тимови во насока на взаемна поддршка за спроведување на родово одговорните политики насочени кон потребите на жените и девојките изложени на насилство како и за изнаоѓање на трајно решение за одржливоста и функционалноста на мултискеторските тимови во двете општини.
#16денаактивизамзаборбапротивродовобазиранонасилство