• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРОЕКТИ
    • Тековни проекти/активности
    • Реализирани проекти/активности
  • ДОКУМЕНТИ
    • Извештаи
    • Публикации
  • ГАЛЕРИЈА
  • АРХИВА
  • КОНТАКТ
  • ЕВИДЕНЦИЈА НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО
  • Македонски
  • English (UK)

Пријава за волонтирање

Детали
Создадено на Четврток, 04 Февруари 2021 23:48

Младите се столб на иднината, но за да влијаат на неа треба да работат во сегашноста.
ЕХО ја знае неопходноста од гласот на младите во општеството и затоа ги повикува да се пријават за волонтери кои би придонеле за позитивни промени во заедницата во којашто живеат.
Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се на линкот.

 

Проект: „Јавни набавки од план до реализација – граѓанско влијание на локално ниво“ . (2020 )

Детали
Создадено на Четврток, 10 Декември 2020 12:41

Со овој проект, преку директното и континуирано следење на целокупниот процес во спроведувањето на јавните набавки на локално ниво и следењето на транспарентноста и отчетноста на локалните власти за трошењето на нашите пари се зголемува влијанието на граѓанското општество врз антикорупциските политики и практики и е предуслов за правење на позитивни промени.

Со следење на конкретните набавки, ЕХО цели кон разбирање, стекнување и употреба на граѓанска моќ и влијание врз трошењето на нашите пари и подобрување на квалитетот на нашите животи.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на проектот Балкан тендер воч што се спроведува во партнерство Фондацијата за отворено општество Србија (како водечка организација) и Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Косовската Фондација за отворено општество, Центарот за граѓански комуникации, Македонија и Мрежата за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора.

Постери:

Брошура - Јавни набавки од план до реализација и граѓанско влијание врз состојбите на локално ниво - ЛИНК



Известување за корисниците на парични права од социјална заштита

Детали
Создадено на Четврток, 10 Септември 2020 14:55

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси (корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале трансакциска сметка во „Еуростандард Банка“ АД Скопје.

Повеќе: Известување за корисниците на парични права од социјална заштита

Се намалуваат судските такси за физичките лица

Детали
Создадено на Среда, 09 Септември 2020 20:53

Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните.
Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати.
Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се ограничува најмногу до 6.000 денари.
Така, во спорови од голема вредност и физичките и правните лица плаќаа најмногу до 48.000 денари судска такса за поднесување на тужба и уште толку такса за судска одлука. Значи, овој износ на судски такси во првостепена постапка, според важечките прописи, може да достигне износ до 96.000 денари. Доколку се усвојат овие измени, во вакви случаи физичко лице би платило такси за тужба и за одлука најмногу до 12.000 денари.

Биди отпорен на корупција

Детали
Создадено на Среда, 26 Август 2020 19:45

 

Известување до јавноста

Детали
Создадено на Четврток, 23 Јули 2020 20:40

ЕХО Едукативно хуманитарна организација Штип започна со реализација на проектот „Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво„ кој се спроведува во рамки на проектот ,,Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво”* , реализиран од Фондација Отворено опшество – Македонија, а финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Повеќе: Известување до јавноста

Повеќе артикли...

  1. Остварување и заштита на работнички права и олеснет пристап до институции и антикризни мерки за помош во услови на криза поради КОВИД-19
  2. Помош околу домашна платежна картичка
  3. Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество
  4. Известување до граѓаните

Страница 1 од 14

  • Почеток
  • Пред
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • Следно
  • Крај

ДОНАТОРИ

unwomen.org
european union
kvinna
macedonia.usaid.gov
soros.org.mk
gmfus.org

 

ПАРТНЕРИ И СОРАБОТНИЦИ

ccc.org.mk
zanabavki.mk
nvoinfocentar.org.mk
ozstrumica.mk
Македонско здружение на млади правници
Пристап до правда

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

 

ВИДЕО


 

најава

www.eho-org.mk ®