Активност на ЕХО за промоција на новиот закон за БПП

Во денешните активности на ЕХО насочени кон промоција на бесплатната правна помош, отворено со информации за граѓаните. Тимот на ЕХО, воден од ентузијазмот на волонтерките Викторија, Ребека и Матеја, делеше информативни флаери за новините во бесплатната правна помош кои стартуваат веќе од вторник, 01 октомври.

Let’s create waves of change for Gender Equality

Во рамки на проектот „Let’s create waves of change for Gender Equality“ финансиски поддржан од Kvinna till Kvinna, членовите на ЕХО започнаа со активностите за изработка на нов Стратешки план на ЕХО.

Partnering to end violence against women

Today in Istanbul EcHO is partnering up with other 50 organizations from across WesternBalkans and Turkey to end violence against women within the EU - UN Women regional program on ending violence against women in Westerns Balkans and Turkey: "Implementing norms, changing minds" 
#changingmindstoEVAW 

07.05.2019

Работилница на тема: Модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство

Од 23 до 24 март се одржа Работилница на тема: Модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство, наменета за јакнење на капацитетите на мрежата на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство. 
Дел од проектот ‚‚Примена на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени и девојки жртви на насилство‘‘ што ЕХО го спроведува во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

Работилница на тема: Мрежно застапување за унапредување на услугите за жени и девојки жртви на насилство

Во организација на ЕХО, од 22 до 23 март се одржа Работилница на тема: Мрежно застапување за унапредување на услугите за жени и девојки жртви на насилство, наменета за јакнење на капацитетите на мрежата на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

Студиска посета на Белград во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“

Во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“ финансиски поддржан од Kvinna till Kvinna, претставнички на ЕХО, во периодот од 24 декември до 27 декември 2018 година, реализираа студиска посета во Белград, каде остварија размена на искуства, знаења и идеи за идна соработка со сродни организации кои работат на полето на родовата еднаквост и насилството врз жени.

Интегрирање на родовата перспектива во работата на МТЗ

Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna, од 20 до 22 декември се одржа Работилница на тема: Интегрирање на родовата перспектива во работата на Мултисекторските тимови на заедниците за ефикасна заштита на жени и девојки жртви на насилство, а е наменета за членовите на МТЗ во општините Штип и Струмица.

Работилница за подготовка на документ за јавни политики

Подготовка на документ за јавни политики на тема “Прилагодување на македонското законодавство и практики кон стандардите поставени во Конвенцијата на Сoветот на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство“. Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna.

Одржана првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство

Во периодот од 11 – 12 септември во хотел Сириус, Струмица, се одржа првата работилница од серијата обуки наменети за јакнење на капацитетите на мрежа на организации кои даваат услуги на жени и девојки – жртви на насилство. Работилницата е дел од активностите на проектот „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот од неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство“ во рамки на регионалната програма на телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

 

Работилница - „Подготовка на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени - жртви на насилство“

Работилница - „Подготовка на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени - жртви на насилство“ Проектот е во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови“, поддржан од Европската Унија #changingmindstoEVAW

Одржана сесијата за правно описменување на жени и девојки на тема права од социјална заштита за жртви на семејно насилство

Во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, на 22.06.2018 година во просториите на ЕХО се одржа сесија за правно описменување на жени и девојки на тема права од социјална заштита за жртви на семејно насилство. Учесниците се запознаа со овие права за да можат да ги споделуваат информациите во својата заедница и заеднички дискутираа за потребата од сеопфатна институционална помош и поддршка на оваа ранлива група граѓани. Се информираа дека жртвите на семејно насилство може да ги остваруваат мерките на заштита согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, правата на парични надоместоци, згрижување и сместување, согласно Законот за социјална заштита, правото на бесплатна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош, како и други мерки од специфични програми на Владата.

Mаалска акција за разубавување и освежување на детското игралиште во населбата Пребег од Штип

Во рамките на иницијативата „Мрдни со Прст“ во организација на ОЖОСВН и партнер организацијата EcHO Educational Humanitarian Organization од Штип, на 5ти мај се спроведе маалска акција за разубавување и освежување на детското игралиште во населбата Пребег од Штип.

РАБОТИЛНИЦА: Истанбулска Конвенција и Пакет на неопходни услуги за жени жртви на насилство –Значење, предизвици и препораки за имплементација

26 - 28 март Берово
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.

Панел дискусија: „Интегративен пристап на пакетот есенцијални услуги за жени жртви на насилство – Состојба, предизвици и очекувања“

Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.