ПОЧЕТНА

Дебата на тема: „Постигнувања, потреби и предизвици во однос на родовата сензибилизација во редовите на армиските и полициските сили“

05.11.2017 (Вторник), 12:00, Хотел Оаза -Штип

Во рамки на глобалната Кампања 16 денови активизам против родово базираното насилство, „Вклучи се со срце за секоја една“, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, организира Дебата на тема: „Постигнувања, потреби и предизвици во однос на родовата сензибилизација во редовите на армиските и полициските сили“ што ќе се одржи на 5 декември 2017 година, во Хотел Оаза – Штип, со почеток во 12.00 часот.
Настанот е поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации – Канцеларија Скопје, преку проектот „Подготовка за ратификација на Истанбулска конвенција: усвојување на подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените“.