Здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец Штип, во партнерство со Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Здружението ИНИЦИЈАТИВА НА НЕВРАБОТЕНИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ Виница го спроведуваат проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“.

Родовата еднаквост е прашање чиј што одговор создава еднакво општество, во кое се распределуваат финансиските средства на многу поправеден и потранспарентен начин. Досегашната анализа покажува дека тие се уште се родово неутрални и не ги земаат предвид специфичните потреби на жените и мажите. За да се промени состојбата потребно е граѓанските организации да бидат препознаени во својата локална заедница, за да имаат успешна соработка со сите конституенти и да ја уживаат довербата во заедницата.

Предложените решенија и активности ќе донесат трансформативни промени преку промовирање на транспарентност, отчетност и интегритет во структурите на локалната власт. Ќе работиме на зајакнување на антикорупциските механизми, зајакнување на транспарентноста во процесите на донесување одлуки и поттикнување на родово одговорни политики и практики. Преку мобилизирање на жените и девојките, нивно зајакнување со знаења и вештини и олеснување на нивното активно учество во процесите на донесување одлуки, ние имаме за цел да создадеме порамноправно и инклузивно општество.

Целни групи: Жени и девојки од општините Штип, Виница и Делчево. Работнички од текстилната индустрија, жени претприемачки, жени во социјален ризик (жени жртви на насилство, жени и девојки од етнички заедници, жени со хендикеп), пензионерки, новинари од локални медиуми – дописници на националните медиуми, претставници на медиумите, локалната власт – градоначалници, вработени во јавната администрација, претставници од граѓанските организации, членови на општинските совети, општинските комисии и секторите во општините, студенти/ки и средношколци/ки.

ЦЕЛИ:

Општа цел: Мобилизација и развивање на критичко и независно мислење кај жени и девојки за активно учество во креирањето на локалните политики и преземање на активна улога во решавање на родово сензитивни проблеми во општините.

Специфични цели:

Да се направи проценка на актуелните потреби и приоритети на жените и девојките во локалната заедница.
Да се зајакнат капацитетите на жените лидерки и граѓанските активисти за  активно учество во креирање и застапување на родово одговорни политики во општината.
Да се оствари организирано влијание и притисок врз локалните власти за решавање на родово сензитивните проблеми во заедницата.
 

РЕЗУЛТАТИ:

·       Утврдени потреби и приоритетите на жените и девојките во локалната заедница

·       Мобилизирани, анимирани, едуцирани и мотивирани жени и девојки за креирање на родово сензитивни политики во заедницата

·       Подготвени  3 родово буџетски иницијативи

·       Подготвени информативни материјали -постери во вид на упатства со информативна содржина за начинот на истражување на потребите, мобилизација на жените, вклучување и лобирање за остварување на конкретни барања и иницијативи.

·       Реализирани 3 локални форуми

·       Реализирана 1 регионална конференција

 

АКТИВНОСТИ:

1.     Проценка на локалните потреби и проблеми на жените и девојките од надлежност на општината

2.     Мобилизација, едукација и создавање на јадро на женски активистки, жени лидерки од партиите, раководителки од општините

3.     Подготовка, презентација и поднесување на 3 родово буџетски иницијативи, преку трите форуми во Штип, Виница и Делчево

4.     Промотивно-едукативни материјали и објави на социјалните мрежи

5.     Континуирана медиумска кампања преку социјалните мрежи и електронските медиуми

6.     Реализација на 3 граѓански форуми

7.     Една регионална конференција (за Источен регион)

8.     Подготовка на анкетен прашалник

9.     Теренско истражување (анкетирање)

10.  Анализа на прашалник и подготовка на извештај

11.  Подготовка на содржина и дизајн  за промотивно информативни материјали за мобилизација  на жени и девојки

12.  Реализација на 3 отворени информативни денови

13.  Работилница на тема: Можности и форми за учество на граѓаните  во креирање на локални политики; Проценка на потреби на жените и девојките во општината

14.  Работилница на тема: Родова анализа и родово сензитивни политики; Родово одговорно буџетирање и родово буџетски иницијативи

15.  Работилница на тема: Застапување за родово одговорни политики и родово одговорен буџет

16.  Работни средби за подготовка на РБИ

17.  Презентација на 3  родово буџетски иницијативи пред релевантните чинители и медиумите

18.  Состаноци  со градоначалник, координаторка за еднакви можности, претседател на совет, КЕМ, претставници на комисиите при Советот на општината

19.  Поднесени 3  родово буџетските иницијативи пред Советот на општините

20.  Подготовка печатење и дистрибуирање на информативно-едукативни постери – упатство со наслов „Чекор по чекор до усвојување на родово одговорен локален буџет“

 

Вкупен буџет: 5.558.286 МКД

Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026

Специфична тема: Родова еднаквост

Pin It