ПОЧЕТНА
Регионална конференција за родово одговорно буџетирање
- Details
- Created on Tuesday, 22 May 2018 10:56
Регионална конференција за родово одговорно буџетирање "Буџетирај еднакво - буџетирај за жените и мажите", во организација на UN Women и Влада на Република Македонија.
Конференцијата е дел од регионалниот проект на UN Women "Промовирање на родово одговорните политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија".#genderbudgeting
Трибина на тема „ДИСКРИМИНАЦИЈА: Како да ја препознаам и што потоа?
- Details
- Created on Wednesday, 09 May 2018 10:42
Здружението ЕХО Едукативно-хуманитарна организација и Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Цивика Мобилитас, ве покануваат на трибина на тема „ДИСКРИМИНАЦИЈА: Како да ја препознаам и што потоа?“
На трибината ќе говорат претставници од здружението ЕХО, Коалиција Маргини и ХЕРА, кабинетот на градоначалникот, како и од локалното координативно тело за заштита од дискриминација при Општина Штип.
Учесниците ќе зборуваат за дискриминацијата кон одредени маргинализирани групи и за тоа како да се препознае, но и како да се пријави кај надлежните органи.
Самото локално координативно тело беше формирано со цел да ги информира граѓаните за видовите на дискриминација, за тоа како да ја препознаат и да се заштитат од неа, но и каде да ги пријават случаите на дискриминација.
Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија
- Details
- Created on Tuesday, 08 May 2018 10:37
Членови на ЕХО учествуваа на Меѓународната конференција за правно зајакнување
"Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија" организирана од Фондација Отворено општество - Македонија. Нашата правничка Благица Киров го презентираше моделот на правна помош што овластените здруженија ја обезбедуваат согласно Законот за бесплатна правна помош.
Скопје, 07-08 мај 2018
Mаалска акција за разубавување и освежување на детското игралиште во населбата Пребег од Штип
- Details
- Created on Tuesday, 08 May 2018 10:29
Во рамките на иницијативата „Мрдни со Прст“ во организација на ОЖОСВН и партнер организацијата EcHO Educational Humanitarian Organization од Штип, на 5ти мај се спроведе маалска акција за разубавување и освежување на детското игралиште во населбата Пребег од Штип.
Брифинг со новинари за новиот закон за бесплатн аправна помош
- Details
- Created on Friday, 04 May 2018 10:24
Денес во просториите на ЕХО се одржа брифинг со новинари од регионални медиуми на кој беа споделени информации за новините и постапката за донесување на нов Закон за бесплатна правна помош која е во тек.
Информирањето на јавноста за правото и законот за бесплатна правна помош е активност во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија„, поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија. — во EcHO Educational Humanitarian Organization.
Маалска акција во општина Штип
- Details
- Created on Wednesday, 02 May 2018 10:18
Започнуваме со разубавување во населбата Пребег
Биди дел и ти! „Мрдни со Прст“!
More Articles...
- Обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за анализа на буџетот на локалната самоуправа од родова перспектива
- Project: Applying a model of integrated approach of essential services package for women and girls subjects of violence
- Време е: руралните и урбаните активист(к)и дејствуваат за промена на животите на жените
- Ending Violence Against Women: Implementing Norms, Changing Minds