ПОЧЕТНА
Студиска посета на Белград во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“
- Details
- Created on Wednesday, 09 January 2019 14:21
Во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“ финансиски поддржан од Kvinna till Kvinna, претставнички на ЕХО, во периодот од 24 декември до 27 декември 2018 година, реализираа студиска посета во Белград, каде остварија размена на искуства, знаења и идеи за идна соработка со сродни организации кои работат на полето на родовата еднаквост и насилството врз жени.
“Што мисли народот?“ - Емисија на ТВ Стар
- Details
- Created on Tuesday, 25 December 2018 14:16
Правничката од ЕХО, Благица Киров беше гостинка на Тони Михаилов и ТВ Стар во отворената емисија “Што мисли народот?“.
Тема на емисијата беа новините во регулативата за бесплатната правна помош, пристапот до правда за граѓаните, со акцент на пристапот до правда за жените жртви на насилство. Граѓаните беа заинтересирани и преку телефонски јавувања во живо добија одговор на неколку прашања во врска со правните проблеми што ги искусуваат.
Ова медиумско гостување на правничката на ЕХО е дел од активностите за зголемување на јавната свест и информираноста на граѓаните за новините во системот на бесплатна правна помош, реализирани во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“ што е поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија.
Повеќе информации за остварување на правото на бесплатна правна помош можете да најдете на You tube каналот на ЕХО, на следниве линкови:
https://www.youtube.com/watch?v=fWCswD86wOA
https://www.youtube.com/watch?v=2IYWL5b9FLc
Интегрирање на родовата перспектива во работата на МТЗ
- Details
- Created on Saturday, 22 December 2018 19:03
Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna, од 20 до 22 декември се одржа Работилница на тема: Интегрирање на родовата перспектива во работата на Мултисекторските тимови на заедниците за ефикасна заштита на жени и девојки жртви на насилство, а е наменета за членовите на МТЗ во општините Штип и Струмица.
Работилница за подготовка на документ за јавни политики
- Details
- Created on Saturday, 22 December 2018 18:59
Подготовка на документ за јавни политики на тема “Прилагодување на македонското законодавство и практики кон стандардите поставени во Конвенцијата на Сoветот на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство“. Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna.
Интегрирање на родовата перспектива во работата на Мултисекторските тимови на заедниците
- Details
- Created on Friday, 21 December 2018 18:49
Во организација на ЕХО, а со поддршка на Kvinna Til Kvinna, од 20 до 22 декември се одржува Работилница на тема: Интегрирање на родовата перспектива во работата на Мултисекторските тимови на заедниците за ефикасна заштита на жени и девојки жртви на насилство, а е наменета за членовите на МТЗ во општините Штип и Струмица.
И ти можеш! - Прво наградено видео на Кристина Јаковлева и Матеја Богдан
- Details
- Created on Tuesday, 27 November 2018 12:59
И ти можеш! - Прво награденото видео на Кристина Јаковлева и Матеја Богдан на наградниот конкурс за фотографии, илустрации и видеа на тема: Крај на насилството врз жените и девојките!
Конкурсот беше објавен во рамките на проектот: „Примена на модел за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки жртви на насилство“, спроведуван од ЕХО Едукативно – хуманитарна организација.
Проектот e во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија.